Шекеринска во Ѓорче Петров: Доаѓа Влада што ќе се грижи за потребите на граѓаните!

Од:

Како што ветивме денеска ќе биде повторно избрана техничката влада којашто треба да организира фер, демократски, кредибилни избори на 11-ти Декември. Нејзина главна цел ќе биде да обезбеди вашиот глас да одлучи каде ќе се движи Република Македонија. Вашиот глас ослободен од притисоци, ослободен од било какви уцени, ослободен од било какви политички влијанија, рече Радмила Шекеринска, заменик претседателка на СДСМ.

Расположението помеѓу граѓаните низ Македонија е многу видливо.

Граѓаните бараат, граѓаните очекуваат дека на 11-ти Декември ќе биде избрана домаќинска влада. Влада којашто нема да дава 18 милиони евра за тркала, додека во една од општините на главниот град, Ѓорче Петров, сеуште има делови во кои нема канализација, атмосферска и има било какви други инфраструктурни проблеми со коишто се соочуваат.

Зарем сметаме дека ако вака се инвестира, дека ќе дозволиме да се повтори уште еднаш катастрофата којашто му се случи на Стајковци.

Граѓаните бараат и очекуваат на 11-ти Декември да биде избрана домаќинска Влада којашто во Ѓорче Петров ќе обезбеди отварање на вистински две нови градинки и којашто ќе обезбеди услови во училиштата коишто ќе прилегаат за 21-от век, во којшто децата ќе можат да се посветат на учење, а во којшто родителите ќе знаат дека го добиваат најдоброто можно образование.

Ве уверувам одлучни сме дека македонските граѓани ќе добијат шанса за Влада којашто ќе ги решава вистинските проблеми, Влада којашто ќе обезбеди спокоен живот на сите нејзини граѓани. Вие почитувани граѓани сте нашиот главен мотив, главен мотив е да помогнеме на Македонија, на сите нејзини граѓани, да обезбедиме подобар живот на следните поколенија.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски