Шекеринска во Брисел на прв состанок со физичко присуство на НАТО министрите за одбрана од почетокот на пандемијата

Од:

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска и утре во седиштето на Алијансата во Брисел ќе учествува на состаноците на Северноатлантскиот совет на НАТО, организирани со физичко присуство за прв пат по членството на Северна Македонија во Алијансата.

Шекеринска и министрите за одбрана на сојузниците на сесиите на Северноатлантскиот совет ќе донесат одлуки кои ќе ја зацврстат безбедноста на Алијансата и колективната одбрана, а ќе разговараат и на повеќе теми, меѓу кои и геостратешките предизвици за Алијансата, состојбата во Авганистан и соработката со ЕУ и партнерите со кои Алијансата и земјите членки споделуваат заеднички вредности, соопшти МО.

Во Брисел, Шекеринска ќе има средба и со директорот на Европската служба за надворешно дејствување, Стефано Санино.

Делегација од Министерството за одбрана, во седиштето на НАТО ќе се сретне и со претставници од НАТО – агенциите за набавки, каде ќе стане збор за воспоставување на директна, постојана и ефикасна комуникација на Центарот за поддршка на компании во Министерството и двете НАТО – агенции со цел поголема ефикасност во поддршката на домашните компании за учество во НАТО – набавките.

Би можело да ве интересира

Финска го отфрли наводното руско барање за напуштање на НАТО

Москва не се откажува од барањата од 2021 година: НАТО да се врати на границите од 1997 година

Москва предлага пакт со НАТО

Авиони на НАТО двапати се обидоа да соборат беспилотно летало над Литванија, но не успеаја

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори

Москва: НАТО го претера со воените активности покрај руските граници