Шекеринска: ВМРО-ДПМНЕ со своите потписи потпиша капитулација!

Од:

И покрај критиките во јавноста дека во извештајот не постојат директни укажувања за уставни прекршувања, а уште помалку кој треба да ја понесе политичката одговорност, потпретседателката на опозициската СДСМ Радмила Шекеринска вели дека е задоволна од исходот.

Таа смета дека она што е важно е дека „ВМРО-ДПМНЕ со своите потписи потпишала капитулација и го признала она што во изминатите осум месеци го тврди опозицијата“, пренесува Утрински весник во новинарскиата сторија „Нема да има оставки за 24 декември“.

– Навикнати сме на однесувањето на владејачката партија која деновиве за потребите на својата публика се обидува да негира дека го потпишала документот, што не е точно – оценува Шекеринска .

– Не беше целта да се лоцира одговорноста, туку да се утврди вистината за она што се случи. Кој е виновен за она што се случи провејува низ целиот извештај. Ако владејачката партија имаше доблест и политичка култура и досега ќе ја утврдеше одговорноста и немаше да чека на тоа да посочи Комисијата – смета вториот човек на социјалдемократите.

Таа е убедена дека без оглед на тоа дали ќе остане и натаму претседателот на Собранието Трајко Вељаноски кој има целосно нарушен легитимитет, ВМРО-ДПМНЕ веќе ја плаќа политичката цена за 24 декември. Според неа, казната на граѓаните ќе се случи на избори, пренесува Утрински.

Би можело да ве интересира

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците