(ВИДЕО) Шекеринска: Ваква антиженска власт ние не прифаќаме

Од:

Пратеничката на СДСМ Радмила Шеќеринска синоќа оствари срдечна средба со близу 700 жени-членки на локалниот Клуб на жени од СДСМ – Гевгелија, при што стана збор за антиженската политика што ја води оваа власт, јасно ставајќи до знаење дека: „Ваква антиженска власт ние не сакаме“.

– Деновиве одат реклами на владините медиуми под наслов “Време е за бебе“. Убава мисла и убава идеја да се зборува за богатството во нашиот живот  но кога ќе ги погледнеме сите тие приказни за кои раскажува МРТВ , ќе видиме колку е голем јазот меѓу паролите и македонската реалност. Колку е голем јазот меѓу кампањите  за многудетни семејства и проблемите со кои се соочуваат македонските жени – истакна Шекеринска.

– На 24 март имаме многу задачи,  а ние како жени имаме уште една, а тоа е да ја казниме оваа власт, која сака да нѐ сведе не само на мајки туку и на машини за раѓање, а за чиешто здравје, професија, среќа, успех, никој нема да размислува – додаде таа.

Основа за ваквото гледање е што власта колку повеќе зборува за мајчинството толку повеќе закони упати во Собранието, во периодот на отсуство на опозицијата,  и по кратка постапка тие беа донесени; закони кои со ништо не ја заштитуваат  жената што е во работен однос; жената со патолошка бременост не само што не е заштитена туку уште еднаш утепана со намалени боледувања и примања; несигурноста во следувањето на породилно боледување за младите маји ако фирмата отиде во стечај или банкрот – се примерите што Шеќеринска  ги посочи како потврда дека мајчинството во Македонија законски не е заштитено.

Уште потешки се состојбите со здравствената заштита во руралните средини и грижата за децата во овие населени места.

Политиката на власта таа не ја оправда со начинот на држење лекции преку емисии и реклами, а од другата страна жените се соочуваат со работна деградација.  Во Гевгелија женската работоспособна популација во најголем процент е сконцентирирана во текстилниот и во угостителскиот сектор, но фрапира податокот што во бизнис со казината нивниот работен век изнесува само 35 години.

– Па кога да работат и да соберат пари, кога да се мажат и да раѓаат деца, што попрво во тие 35 години – запраша  Шеќеринска.

– Власта не нуди никакви перспективи за младите во најпродуктивниот период од животот, дури и тие кои се вработени мака мачат да ја задржат работата – посочи таа.

– Жените во Македонија  имаат зад себе резултати и сила. Имаат зад себе и жртви и конкретни дела, и затоа можат да излезат пред македонската јавност и да кажат:  Ваква антиженска власт ние веќе не прифаќаме и на 24 март ќе ја казниме и поради тоа.

– Но, на 24-ти прво треба да се погрижиме за домот, општината  во која живеете, да се погрижиме за луѓето во општината што ќе водат грижа за нашите потреби – од наједноставните до најтешките потреби со кои ќе се соочувате во вашиот живот – посочи Шеќеринска, истакнувајќи ги предностите на кандидатот за градоначалник Саве Марачков и на листата за советници од коалицијата „Сојуз за иднината“ пред бројната женска публика во хотел „Пелагонија“ во Гевгелија.

А. Д.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?