Шекеринска-Тимоние: Унапредување на соработката со Франција за модернизација на АРМ

Од:

Унапредувањето на одбранбената соработката меѓу Македонија и Франција е од големо значење за заедничкиот придонес кон мирот, стабилноста и безбедноста на Балканот и пошироко. Ова беше истакнато на денешната средба помеѓу министерката за одбрана Радмила Шекеринска и амбасадорот на Република Франција Кристиан Тимоние, во Министерството за одбрана.

– Реформите кои ќе ги спроведеме во областа на одбраната се важен влог за побрзо интегрирање на земјата во НАТО но и во ЕУ. Ќе работиме да создадеме амбиент на доверба и подобра регионална соработка. Резултатите кои ќе ги постигнеме ќе ја зацврстат поддршката на земјите членки за влез на Македонија во НАТО. Со членството на Република Македонија во НАТО ќе се зацврсне стабилноста и безбедноста на целиот Регион, рече Шекеринска.

На средбата стана збор и за можноста за унапредување на соработката меѓу Македонија и Франција во однос на модернизацијата на АРМ.

Амбасадорот Тимоние на средбата истакна дека вратите на НАТО се отворени и дека неговата земја е заинтересирана соработката со Македонија да се унапреди.

На денешната средба присуствуваше и новото одбранбено аташе на Република Франција во Република Македонија, Жан Марк Лавали на кого министерката Шекеринска му посака добредојде и му посака успешна соработка и продлабочување на истата во наредниот период, соопшти Министерството за одбрана.

Би можело да ве интересира

МО: Насковски уште во мај 2023 година е разрешен од функцијата претседател на синдикалната организација НСПВ

НСПВ: Министерството за одбрана ја сопре членарината на синдикатот и на тој начин го оневозможува синдикалното делување

Горан Наумовски

Петровска со иницијатива за подигање спомен обележје во Тетово за загинатите во масакрот кај Вејце

Ана Ололовска

Петровска: Речиси 90 милиони евра за воена опрема, учеството во странски мисии ќе чини над 10 милиони евра

Орце Костов

Почина македонскиот амбасадор во Германија

Ана Ололовска

Министерството за одбрана ниту демантира ниту потврдува дека авионите „Сухои“ ќе и ги донира на Украина

Орце Костов