Шекеринска: Стратешкиот одбранбен преглед ќе биде готов до средината на 2018

Од:

Приоритет во одбраната во моментот е финализирање на Стратешкиот одбранбен преглед (СОП), документ кој во Македонија не е донесен неколку години, а е потребен со цел во него да да бидат содржани важните аспекти на одбраната во земјата.

Се очекува СОП да биде изготвен до средината на годинава, а од 2016 година иако било најавено, таков документ нема, а нема ниту Стретегија за одбрана.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска, одговарајќи на новинарско прашање во касарната „Илинден“, по одбележувањето на 24-годишнината од формирањето на Полкот за специјални операции на АРМ, истакна дека новата Влада од самиот почеток се посветила на изработката овие документи.

Во тој процес на Министерството за одбрана му помагале советници од САД и Велика Британија, а на крајот на процесот се очекува и поддршка од германското МО.

Шекеринска истакна дека за оваа година не се најавени посериозни набавки и модернизација на АРМ.

– Објавивме дека нема да се повторува грешката од 2017 година, да се влезе во набавки без да се знаат приоритетите. Број еден е да се заврши Стратешкиот одбранбен преглед, документ кој доцни долго време. Треба да биде готов до средината на 2018 година. Тој треба да ги дефинира вистинските потреби и приоритети во делот на набавките, појасни таа.

СОП ќе покаже кои се способностите, капацитети кои армијата треба да ги има и по кој приоритет треба да се оди во модернизацијата. Главниот акцент, како што рече Шекеринска, ќе биде ставен на декларираните сили.

Нагласи дека фокусот во моментов е на подобрување на стандардот на припадниците на АРМ и условите работа.

Таа потсети дека оваа година е обезбедено 15 отсто зголемување на буџетот за одбраната како и десет отсто зголемување на сите плати на припадниците на АРМ.

Изминатите осум месеци се инвестирани 16 милиони денари во физичка инфрастуктура за подобрување на условите за работа во АРМ и МО. Обезбедени се и повеќе средства за реконструкција на објектите 145 и 163 на Ренџерите и Баталјонот за врски. Предвидено е вложување на 62 милиони денари од буџетот на одбраната само во инфрастуктура, која ќе придонесе за подобрување на и осовременување на работните услопви на АРМ.

Таа напомена дека тековно се работи и на правична застапеност на припадниците на сите етнички заедници во специјалните единици.

Бројките во делот на професионалните војници се урамнотежени, но во делот кај офицерите и подофицерите тие проценти се помали.

Шекеринска како дел од причините го наведе и тоа што од 2008 до денес нема курсеви за подофицери, поради што АРМ се соочува со недостиг на таков кадар.

Би можело да ве интересира

Петровска: Пристигнато е ново барање од украинска страна за воена помош во моментов се разгледува

Горан Наумовски

Петровска со иницијатива за подигање спомен обележје во Тетово за загинатите во масакрот кај Вејце

Ана Ололовска

Петровска: Речиси 90 милиони евра за воена опрема, учеството во странски мисии ќе чини над 10 милиони евра

A1on

Шекеринска – Брнз: С. Македонија и САД споделуваат исти вредности, двете држави испишаа историја

Ана Ололовска

Министерството за одбрана годинава ќе биде домаќин на најголемата конференција за стратегиски комуникации на НАТО

Ана Ололовска

МО: АП „Криволак“ прерасна во современ домашен и НАТО капацитет, во 2022 тука ќе се одржат седум меѓународни вежби со над 5.000 учесници

Ана Ололовска