Шекеринска: Следниот месец мисијата на Северна Македонија се сели во седиштето на НАТО

Од:

Нашето учество на состаноците на Алијансата беше учество на членка на НАТО која покажа дека е можен брз прогрес, дека е можно да се почитуваат плановите и дадените ветувања, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска пред новите простории за мисијата на Северна Македонија во седиштето на НАТО.

Зад мене се нашите простории како држава – членка на “НАТО Алијансата” и очекуваме до втората половина на март основните подготовки за нашата мисија овде да бидат завршени.

Тоа значи дека нашата мисија, и политичкиот и одбранбениот дел ќе биде буквално дел од седиштето на НАТО, како што ние, Република Северна Македонија ќе бидеме и официјално дел од Алијансата, потенцира Шекеринска, која втор ден учествува на состаноците на Северноатлантскиот совет во Брисел.

Пред состанокот на Северноатлантскиот совет, соопшти денеска МО, министерката Шекеринска се сретнала со турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, и се заблагодарила за континуираната поддршка од пријателска Турција за членство во НАТО.

“Нашата докажана соработка од партнерска, прераснува во сојузничка”, нагласила министерката Шекеринска.

Би можело да ве интересира

Финска го отфрли наводното руско барање за напуштање на НАТО

Москва не се откажува од барањата од 2021 година: НАТО да се врати на границите од 1997 година

Москва предлага пакт со НАТО

Авиони на НАТО двапати се обидоа да соборат беспилотно летало над Литванија, но не успеаја

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори

Москва: НАТО го претера со воените активности покрај руските граници