Шекеринска: Силна политичка порака тоа што Протоколот го ратификуваат 28 од 29 земји-членки за девет месеци

Од:

Дваесет и осум од 29 земји-членки практично за девет месеци го ратификуваа Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, што претставува силна политичка порака, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која напомена дека денеска сме буквално на чекор од полноправно членство во Алијансата, откако изутрината ратификацијата на Протоколот заврши и во Франција.

-Денеска сме буквално на чекор до полноправно членство во НАТО, откако Собранието на на Франција го ратификуваше протоколот за нашето пристапување во НАТО. Дебатата во Националното собрание на Франција изутринава во девет беше интересна. Ова покажува дека процесот за ратификација оди брзо и дека како држава имавме право и бевме амбициозни и покажавме дека ова членство го заслужуваме и одработивме. Останува процесот да се заврши само во Шпанија. Ниту една земја-членка немаше ниту една дилема во однос на нашето членство во Алијансата, рече Шекеринска денеска одговарајќи на новинарско прашање по регионалната конференција „Улогата на жената во сочувувањето на мирот и безбедноста – Резолуција 1325 – Основа за акција, која денеска и утре се одржува во Скопје.

Додаде дека се очекува истата порака да се испрати од самитот во Лондон, како и третманот на нашата држава да биде де факто членка на Алијансата.

-Вестите од Париз покажаа дека како држава си ги реализираме своите стратеши цели и убедена сум дека овој стратешки успех ќе ни даде сила да ги завршиме другите работи, рече Шекеринска.

Во врска со тоа кога да се очекува ратификација во Шпанија, таа посочи дека таму постојат одредени дилеми околу составот на владината коалиција.

-Првата информација беше оптимистичка, дека се собира мнозинство. Дилемата е дали ќе биде мнозинска или малцинска влада. Информации ќе имаме веднаш по Лондонскиот самит, во тој момент ќе биде одржана првата седница на шпанскиот Парламент. Има работи кои зависат од нас, но има работи кои не зависат од нас рече, Шекеринска.

Би можело да ве интересира

Четири години од членството во НАТО – Земјава не е само фактор на стабилизација на регионот, туку и поттик за државите во соседството

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

Допис од НАТО покажува дека Ковачки бил одбиен за безбедносен сертификат, тој вели: Не сум бил одбиен, ниту сум го повлекол барањето

Александар Тодески

НАТО: Продолжуваме да ја поддржуваме Украина и да ја зајакнуваме одбраната, Русија е најголемата закана

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО