Шекеринска: Секогаш ќе стоиме зад универзалните вредности

Од:

Денес граѓаните на Северна Македонија ќе им се придружат на над милијарда луѓе кои стојат заедно за светскиот мир и просперитет и нема зборови за да го искажеме нашето чувство за достигнување и радост, истакнува министерката за одбрана Радмила Шекеринска во нејзиното обраќање, кое беше прочитано на кревањето на државното знаме на Република Северна Македонија во командата на НАТО за трансформации во Норфолк во САД.

– Ова историско достигнување е резултат на тешки одлуки и години посветеност и реформи кои би биле невозможни без целосната поддршка од нашите граѓани. Ви благодарам на сите вас кои ја поддржавте Северна Македонија во овој процес и не дозволивте да ја изгубиме вербата до конечниот исход, истакна Шекеринска во поздравното обраќање.

Шекеринска, како што соопштија од Министерството за одбрана, рече дека оваа генерација се избори да ја постави нашата земја на картата на демократските и напредни земји и дека битката за зачленувањето во Алијансата, која започна пред 27 години, ги обедини сите граѓани.

Министерката во поздравното обраќање увери дека секогаш ќе стои зад универзалните вредности заедно со Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Литванија: НАТО итно подигна борбени авиони поради непознат објект

Американски генерал: Путин игра опасна игра, но НАТО е многу помоќен од Русија

А1он

Москва: НАТО забрзано и стихијски се вооружува

Горан Наумовски

НАТО подготвува план за руски напад, дроновите вештачката интелигенцијаи треба да бидат првата линија на одбрана

Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени