(ВИДЕО) Шекеринска: РКЕ треба да каже дали „Пуцко петрол“ има дозвола да работи со мазут

Од:

Побаравме од Регулаторната комисија за енергетика, како единствено задолжено тело, да каже дали компанијата што победи на електронската аукција има дозвола да работи со мазут или не. Ќе постапиме така како што ќе извести РКЕ, договорот не е реализиран, а досега ниту еден денар не е исплатен врз основа на овој договор.

Ова денеска го изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска, откако дел од медиумите вчера објавија дека компанијата „Пуцко петрол“, иако не поседува соодветна дозвола за трговија со мазут, во јуни оваа година учествувала на тендерот на МО за набавка на енергенсот.

– Тендерот е распишан за Министерството да врати стар долг на мазут во државните резерви. Но ова укажа и на еден покрупен проблем за кој вчера дискутиравме и на седница на Влада. А тоа е дека РКЕ лицентите кои ги издава имаат ист наслов и гласат „на сите нафтени деривати“, рече Шекеринска.

Би можело да ве интересира

Петровска: Пристигнато е ново барање од украинска страна за воена помош во моментов се разгледува

Горан Наумовски

Петровска со иницијатива за подигање спомен обележје во Тетово за загинатите во масакрот кај Вејце

Ана Ололовска

Петровска: Речиси 90 милиони евра за воена опрема, учеството во странски мисии ќе чини над 10 милиони евра

Орце Костов

Шекеринска – Брнз: С. Македонија и САД споделуваат исти вредности, двете држави испишаа историја

Ана Ололовска

Министерството за одбрана годинава ќе биде домаќин на најголемата конференција за стратегиски комуникации на НАТО

Ана Ололовска

МО: АП „Криволак“ прерасна во современ домашен и НАТО капацитет, во 2022 тука ќе се одржат седум меѓународни вежби со над 5.000 учесници

Ана Ололовска