А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Шекеринска: Покажавме дека парите можат да се инвестираат во патишта, градинки, училишта, водоводи

by А1он11/11/2019 - 22:00200
Share0

Додека ВМРО-ДПМНЕ велеа дека сите пари мора да одат на споменици и статуи, ние покажавме дека парите можат подобро да се инвестираат, во патишта, градинки, училишта, рече вечерва заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска во Свети Николе.

Следете a1on на Instagram Instagram

„За само 2.5 години изградивме и обновивме над 500 километри патишта, изградивме или реконструиравме над 43 нови градинки. Затоа што ние сме фокусирани на вистинските приоритетите. Над 300 милиони евра се влезени од државата во земјоделието, кои не треба да ги гледаме како трошок, туку како шанса граѓаните да добијат повеќе, да инвестираат и да добијат поквалитетно и подобро производство. Тоа е прав пат“, истакна Шекеринска.

Таа кажа дека цели 11 години ВМРО-ДПМНЕ биле против парите да завршуваат назад кај граѓаните.

„И денес во Собранието тие се под истата деструктивна матрица, тие не гласаат за законите за покачувањето на минималната палата“, рече заменик претседателката на СДСМ.

Следете a1on на Youtube YouTube

Зборувајќи во салата на Домот на културата Шекеринска рече дека за само 2.5 години СДСМ ја покачи минимлната плата за 5.500 денари а просечната плата за над 2.000 денари.

„За само 2.5 години ние ја покачувме минималната плата за 5.500 денари. За една година, тоа се повеќе од 60 илјади денари за еден работник само поради тоа што се покачила минималната плата. Просечната плата ја зголемивме за 2 илјади денари, тоа се дополнително 24 илјади повеќе кај граѓаните. Е тие Закони ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ги блокира. Не дозволуваа 11 години да се обезбеди пораст на платите, сега повторно се трудат да блокираат. 11 години велеа дека стечајците не може да се решат еве ние ги решивме, успеавме за само 1.5 година. Не може една партија да го бара вашиот глас ако се бори против најзагрозените граѓани, ако е против покачување на платите и против стечајците“, рече Шекеринска.

sdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

Катерина Ѓуровски22/09/2026 - 12:18

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он20/09/2026 - 13:19

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он20/09/2026 - 11:53

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Катерина Ѓуровски16/09/2026 - 11:07

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

Катерина Ѓуровски15/09/2026 - 12:28

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

Катерина Ѓуровски14/09/2026 - 11:30
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео