Шекеринска почесен гостин на Националната гарда на Вермонт: Се разгледуваат можности за обуки на наш кадар за цивилна заштита и спасување

Од:

Цврсто сме убедени во бенефитот кој и нашата Армија и Националната гарда на Вермонт го имаат од исклучително интензивната меѓусебна соработка. По успешната реализација на поголем број заеднички вежби со нетрпение очекуваме да им посакаме добредојде на припадниците на Националната гарда на Вермонт, на претстојната вежба „Брз одговор 22“, што се фокусира на воздухопловно-десантните единици, истакнала министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, при посетата на воздухопловната база на националната гарда на Вермонт.

Во базата, соопштија денеска од МО, министерката Шекеринска била брифирана за капацитетите на единиците и на Здружениот оперативен центар, при што била потврдена меѓусебната заложба за продолжување на плодната долгогодишна одбранбена соработка помеѓу Северна Македонија и Вермонт.

Во контекст на неодамнешните случувања со пожарите во нашата земја, се наведува во соопштението, од исклучително значење беше посетата на македонската делегација на Оперативниот центар за итни случаи на Вермонт, каде беа разменети информации во однос на начинот на справување со природни катастрофи и можностите за проширувањето на соработката и во овој домен.

– Едно од клучните прашања е како да развиваме армиски капацитети кои на едноставен и ефикасен начин целосно ќе можат да се вклучат во напорите на цивилните институции во справувањето со природните непогоди. Климатските промени чии ефекти ги чувствуваме и денеска бараат организирање на систем кој е подготвен за брза координација и брз ангажман на терен. Навистина сме ви благодарни за споделувањето на вашите искуства во справувањето со шумските пожари, истакнала министерката Шекеринска при посетата на Оперативниот центар.

Како што е најавено, денеска Шекеринска ќе има средба со заменик гувернерката на Вермонт, Моли Греј, а ќе го посети и полигонот за планирање и операции.

Би можело да ве интересира

Петровска: Пристигнато е ново барање од украинска страна за воена помош во моментов се разгледува

Горан Наумовски

Петровска со иницијатива за подигање спомен обележје во Тетово за загинатите во масакрот кај Вејце

Ана Ололовска

Петровска: Речиси 90 милиони евра за воена опрема, учеството во странски мисии ќе чини над 10 милиони евра

A1on

Шекеринска – Брнз: С. Македонија и САД споделуваат исти вредности, двете држави испишаа историја

Ана Ололовска

Министерството за одбрана годинава ќе биде домаќин на најголемата конференција за стратегиски комуникации на НАТО

Ана Ололовска

МО: АП „Криволак“ прерасна во современ домашен и НАТО капацитет, во 2022 тука ќе се одржат седум меѓународни вежби со над 5.000 учесници

Ана Ололовска