Шекеринска: План за поддршка и шанса за лицата со посебни потреби

Од:

Во нашиот План за живот во Македонија, посебно место има програмата за поддршка на лицата со посебни потреби, особено на децата со посебни потреби. Една држава, не може да се нарекува ниту хумана ниту солидарна, ако не обезбеди шанса за децата со посебни потреби, рече Радмила Шекеринска, носителка на кандидаткста листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 5.
 
Затоа ќе го менуваме системот и ќе почнеме уште од најрана возраст, на децата коишто припаѓаат на предучилишното образование, а се со посебни потреби ќе им овозможиме шанса да бидат вклучени во предучилишното образование. Но, тоа нема да го направиме аматерски, како што во многу градинки денеска се случува, туку ќе обезбедиме навистина специјални едукатори коишто ќе го овозможат овој инклузивен пристап, и во полза на сите деца, и во полза на децата со посебни потреби.
 
Во центрите низ Македонија ќе отвориме центри за ран детски развој, каде што децата со посебни потреби уште од најрана возраст ќе можат да ги развиваат своите способностите, ќе можат да ги градат своите способности, и ќе можат да дадат, практично, свој максимум.
 
За тие центри со ран детски развој ќе обезбедиме специјална поддршка, обучени, професионални едукатори, а со тоа ќе им дадеме шанса и на родителите да обезбедат подобри услови за работа, подобри услови за живот на своите деца.
 
Денеска во Македонија, средствата којшто се наменети за децата за посебни потреби, навистина се срамни, како што можевте денеска да чуете и од прва рака. Затоа веднаш ќе ја зголемиме оваа поддршка на лицата со посебни потреби во прв чекор за 50%. На тој начин ќе дадеме шанса за подобар живот, и на нив, и на нивните семејства.
 
Ќе менуваме голем дел и од регулативата којашто се однесува и на оценка на способностите на децата со посебни потреби.
 
Денеска, владее систем во кој практично ние оценуваме, или системот оценува кои се работи не можат да ги направат, наместо да се фокусираме на работите за кои се способни и кои можат да се развиваат. На тој начин и тие ќе станат дел од општеството кое придонесува и ја развива својата татковина.
 
Ќе го спроведеме целосно законот за квоти во јавната администрација за лицата со посебни потреби, но ќе им дадеме и вистинска шанса да работат во администрацијата. Денеска најголемиот дел од нив не можат да употребат активни колички и на тој начин, иако им отвара државата шанса да работат, тие практично многу тешко и само со семејна поддршка можат да дојдат до работното место.
 
Ќе воведеме шанса и за лицата со тешка и најтешка попреченост да добијат посебни додатоци, и на тој начин ќе им овозможиме и на нивните семејства да обезбедат подобри услови за работа. 
 
Една држава може да се нарече хумана, социјална и солидарна само ако обезбеди сигурна поддршка на оние коишто се најслаби. Ние сметаме дека Македонија може на сите да им понуди достоинствен живот.

И затоа ве повикувам да гласаме за живот во Македонија, за живот во кој и оние коишто се најслаби, оние коишто се најзагрозени, оние коишто навистина имаат посебни потреби, ќе добијат шанса за добар живот.

Би можело да ве интересира

Кузеска: ВМРО-токсична создаде еколошки хаос кој граѓаните го плаќаат со нивното здравје

ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува СДСМ за палење на депониите

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС

СДСМ: Скопјани се гушат, ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот на Управниот одбор на „Дрисла“ и негов советник?

ВМРО-ДПМНЕ: Шукова повторно продава исти лаги за Вардариште, во 2020 лажеше со Заев сега како кандидат лаже со Филипче

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Државата оди напред, граѓаните живеат подобро

Горан Наумовски