А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Шекеринска-Панагиотопулос: Северна Македонија и Грција имаат исти интереси – безбеден и стабилен регион

by А1он25/10/2019 - 09:30273
Share0

Во пресрет на првата сесија на заедничкиот состанок на Северноатлантскиот совет, посветена на операциите и мисиите на Алијансата, министерката за одбрана Радмила Шекеринска вчера попладне имаше билатерални средби со своите колеги, од Грција, Никос Панагиотопулос, и од Естонија, Јури Луик.

Следете a1on на Instagram Instagram

Како што соопшти Министерството за одбрана, на средбата со новиот грчки министер за одбрана, Панагиотопулос, Шекеринска истака дека двете држава треба да градат блиски билатерални односи и дека соработката на полето на одбраната ќе придонесе за тоа. Двајцата министри го поздравија спроведувањето на мисијата „Air policing“ од страна на грчкото воздухопловство, за што началниците на Генералштабовите на армиите минатиот месец потпишаа и Технички аранжман.

-Преспанскиот договор ги отвори вратите за членство во НАТО, а реформите го обезбедија. И Северна Македонија и Грција имаат исти интереси – безбеден, стабилен и економски сигурен регион, истакна министерката која се заблагодари за грчката поддршка за отворање на пристапни преговори на неодамнешниот Самит на ЕУ.

Следете a1on на Youtube YouTube

Грчкиот министер, Панагиотопулос, се наведува, порача дека двете земји со меѓусебна почит и со добра волја, имаат шанса да изградат подобра иднина за своите граѓани. Договорот за соработка во одбраната, истакна тој, отвара многу можности за соработка и припадниците на двете армии ќе можат подобро да се запознаат, да вежбаат и да се усовршуваат заедно, како сојузници. Панагиотопулос се согласи дека за Балканот да биде мирен и стабилен потребно е да има искрени и добри односи помеѓу соседите.

На средбата со естонскиот министер за одбрана, Јури Луик, пак, министерката се заблагодари за брзата ратификација на пристапниот протокол од страна на официјален Талин, и истакна дека овој процес продолжи да се движи со исклучителна брзина со оглед дека парламенти на 26 земји членки веќе го завршија ратификацискиот процес.

-Министерот Луик порача дека Естонија со нетрпение го чека денот кога Северна Македонија ќе биде полноправен член на НАТО, а во контекст на Европската Унија додаде дека земјата требаше да добие позитивна одлука и дека ова е само фаза, која ќе биде надмината, се наведува во соопштението.

Министерката Шекеринска на заедничкиот состанок на министрите за одбрана на земјите – членки на НАТО, посочи дека Северна Македонија е целосно посветена на вредностите на Алијансата, како и на учеството во мисии и операции предводени од НАТО. На состанокот, министерката се заблагодари за доследноста на Алијансата и за брзата ратификација на Протоколот за членство во НАТО, кој помина во парламентите на 26 земји членки.

Состаноците на министрите за одбрана во Брисел на кои учествува министерката Шекеринска, продолжуваат денеска, стои во сооштението.

monato

Би можело да ве интересира

Одговор до Путин: НАТО инвестира огромни пари во моќна ракета со дострел од 2.000 километри

Горан Наумовски08/07/2026 - 14:2108/07/2026 - 15:25

Лидерите на НАТО во Анкара: Територијалниот интегритет на членките не може да биде предмет на дискусија

Горан Наумовски08/07/2026 - 12:24

Посилна Европа, посилно НАТО: Самитот во Анкара со нова визија за безбедноста

Горан Наумовски08/07/2026 - 07:09

Бабиш: Големите земји-членки на НАТО треба да платат за понатамошна помош за Украина

Горан Наумовски07/07/2026 - 21:46

НАТО најавува нови проекти во вселената и ракетната одбрана

Горан Наумовски07/07/2026 - 15:5507/07/2026 - 16:23

Трамп повторно го критикува НАТО, разочаран од недостатокот на поддршка за САД

Горан Наумовски07/07/2026 - 15:3007/07/2026 - 15:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто