Шекеринска: Одбележувањето на последната ратификација од НАТО протоколот е лекција за успех

Од:

Од НАТО научивме дека од многу зборување, а не работење не се добива ништо, ние сработивме и честитки до сите за овој успех, одговори министерката за одбрана Rадмила Шекеринска на новинарско прашање „дали мисли дека е несоодветно додека сите очи се вперени во пресовите на Владата, да се промовира членството во НАТО“.

-Се соочуваме со голем предизвик, но ова е момент кога треба да кажеме и дека нешто заеднички, како држава, сме постигнале. Лекциите кои сме ги научиле од тој успех треба да ги примениме и овде. Додека ние овде зборуваме имаме наши мiровници кои се во Авганистан, Либан, Босна.., нивната жртва да не бидат со своите дури во вакви моменти била влог за да станеме членка на НАТО. Денеска треба нив да им честитаме, дека благодарејќи на напорите на над 4.000 како нив, денеска можеме да си признаеме успех, истака Шекеринска.

Министерката потенцираше дека токму  првите консултации кои ги правел НАТО на  тема коронавирус ни помогнаа да ги преземеме првите радикални мерки како држава и дека благодрение на опремата на Алијансата нашите војници кои се упатиле да ја обезбедуваат границата во кризното подрачје во Дебар и Центар Жупа го дезинфицирале просторот.

Би можело да ве интересира

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Литванија: НАТО итно подигна борбени авиони поради непознат објект

Американски генерал: Путин игра опасна игра, но НАТО е многу помоќен од Русија

А1он

Москва: НАТО забрзано и стихијски се вооружува

Горан Наумовски

НАТО подготвува план за руски напад, дроновите вештачката интелигенцијаи треба да бидат првата линија на одбрана

Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени