Шекеринска: Ние испорачавме резултати, очекуваме тоа да го направи и ЕУ

Од:

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска е убедена дека средбата помеѓу премиерот Зоран Заев и канцеларката Ангела Меркел во четврток во Берлин ќе испрати порака оти Република Северна Македонија го исполни својот дел од обврските и сега Европската Унија треба да ја исполни својата обврска.

-Пораката на ЕУ често пати била јасна – ако вие испорачате и ние ќе испорачаме. Очекувам во четврток истата порака да биде упатена и од германска страна. Во германскиот Бундестаг е неподелено мислењето дека нашата држава направи чудо не само на план на билатерални спорови, туку и на план на домашните реформи и дека практично никој, вклучително и пратениците во Бундестагот не можат да најдат оправдување или алиби за негативна одлука. Не е прашањето кој месец, прашањето е да ја добиеме час поскоро одлуката за почеток на преговори на членство за Европската Унија. Едно е кога ќе се дискутира, а друго и најважно прашање е што ќе се дискутира и каков ќе биде заклучокот, рече Шекеринска во одговор на прашање по денешната посета на касарната Илинден.

Има земји-членки, додаде, кои велат пред да се случи проширување на ЕУ, Унијата мора од внатре да се реформира и дел од соработката да се продлабочи.

-Ние не велиме дека тоа не е важна работа, но кажуваме дека нашата земја не очекува утре да стане членка, туку очекуваме почеток на преговори кој нема да биде ниту лесен, ниту брз, но тоа е најважниот процес за државата да стане подобра, побезбедна попросперитетна. Затоа ќе продолжиме да ја повторуваме тезата – Ние испорачавме резултати не зборови, изјави и ветувања. Очекуваме такви резултати да ни испорача и ЕУ, потенцира Шекеринска.

Никогаш, посочи, не веруваме дека одлагањата се добри заради тоа што со секое одлагање се губи времето. Но, најважно од се е да обезбедиме сигурен почеток на преговори за кои се подготвувавме и го завршивме целиот скрининг изминатата година. Од наша страна ќе се испрати порака да не го губиме времето непотребно.

-Ние не можеме да одлучиме како ќе работат европските институции, факт е дека има десет други теми со кои се занимаваат – брегзит, избор на нова Европската комисија, новите прегрупирања во Парламентот после европските избори, но убедени сме дека оваа шанса нема да ја испуштиме. Ова што се случува сега во ЕУ покажува дека кога ќе испуштите отворена врата за почеток на преговори за членство и за кандидатски статус понекогаш после тоа може да ви се одложи процесот и не по ваша вина и затоа секоја шанса треба да ја користиме и затоа и оваа година шансата ќе ја искористиме, порача Шекеринска.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Ги предупредив Заев и Рама за исходот од Самитот во Брисел

Ана Ололовска

Дипломатски клуб: Одлуката на Европскиот совет може да има дестабилизирачки последици за Македонија и регионот

Ана Ололовска

Александар Сорос: Европа треба да се соочи со својата албанофобија

Ана Ололовска

Азески: Подготвени сме да ги ставиме сите свои капацитети во процесот кон европските вредности

Ана Ололовска

Алтернатива: Одбивањето на ЕУ налага предвремени избори

Ана Ололовска

Ахмети: Изборите се најдобро решение

Ана Ололовска