Шекеринска не очекува пресврт во односите со Бугарија до јуни

Од:

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска не очекува дека без партнер од другата страна и со техничка влада, како што изјави, е можен пресврт во однос на односите со Бугарија за нашето членство во ЕУ. Но, она што треба да го правиме до јуни, нагласи таа, е да ги потсетуваме сите оти ние нашите обврски ги исполнивме и очекуваме ист тип посветеност и доследност и од страна на ЕУ.

-Има едне дел од обврски што не зависат од нас. Ние не можеме да ја избериме бугарската влада и не можеме да го создадеме преговарачот од другата страна. Тоа на што не можеме да влијаеме погрешно е да го прогнозираме, одговори министерката Шекеринска денеска по промоцијата на новите 55 подофицери во скопската касарна „Илинден“, на новинарско прашање дали можеме да се надеваме на позитивен одговор во јуни за почеток на преговорите со ЕУ.

Според неа, во изминатиот период покажавме дека едно правило секогаш важи, заврши ги твоите работи, за да не може дека заради твои пропусти нешто не се случило, и како држава, подвлече, изминатиот период тоа го покажавме.

– Секој од извештаите на Европската Комисија, секој од извештаите во поглед на домашните реформи, вклучително и оној вчера од Фридом хаус, покажуваат дека клучните прашања заради кои како држава тапкавме во место, ние успеавме да ги придвижиме и секоја година да покажеме дека демократијата, човековите права, слободата на медиумите и владеењето на правото одат еден чекор напред, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Би можело да ве интересира

Желјасков: Веруваме дека ќе ги донесете уставните измени и уште оваа година ќе се радуваме на почетокот на преговорите со ЕУ

Состанок на експертските работни групи на МНР на Македонија и на Бугарија

Гир: Не треба да се очекуваат нови договори, македонскиот јазик е веќе во Преговарачката рамка

Ана Ололовска

(ВИДЕО) „300.000 Македонци не се во вашиот Устав, во 21 век не признавате народ“: Лекција од историчарот Светозаревиќ за бугарски новинари во Пустец

Орце Костов

Жељазков: За Бугарија е важен условот „поставен од Европската комисија“ за уставни измени

Ана Ололовска

Претседателот Румен Радев врачи бугарски лични документи на Љубчо Георгиевски и Благој Шаторов

Ана Ололовска