(ВИДЕО) Шекеринска: Не им пречи уставното име кога добиваат плата, а им пречи во Законот за одбрана

Од:

Вицепремиерката Радмила Шекеринска во обраќањето пред присутните на последниот настан од караванот на СДСМ насловен „На прав пат“ говореше за успесите на власта за НАТО, за политиките на градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Таа кажа дека не може да се види Шилегов скриен во канцеларија, како молчи и како седи и чека што да му каже некој „од горе“. „Петре како опозиционер им се спротивстави на Груевци и Мијалковци. Петре покажа и дека знае да сослуша“, рече Шекеринска.

„Петре не е арогантен, туку храбар и упорен и не бега од проблемите кои му ги оставија. Скопје има многу непријатели. Моторџиите, зградите кои никнуваат, кафеанџиите кои со гласна музика, загадувачите, но ние за тие непријатели не молчиме, туку зборуваме“, говореше Шекеринска пред присутните.

„Кога пред 10 дена за првпат го видов нашето знаме за Лондон во центарот на светот во тој свет, до знамето на Велика Бритнија јас мислев дека нема човек кој не го погледна тоа со солза во око. За жал имало. ВМРО-ДПМНЕ“, рече таа во говорот.

Шекеринска дополни дека ВМРО-ДПМНЕ го блокира Законот за одбрана само затоа што го содржи уставното име на државата, но не им смета уставното име на протколот за НАТО и кога добиваат плати од државата.

„Не им смета уставното име за протоколот за НАТО, или кога добиваат плата со уставното име“, рече Шекеринска. „ВМРО-ДПМНЕ не се кае за злото кое го истури по нашите градови и села. ВМРО-ДПМНЕ не се менува. Игра делува и се менува по тактот на Груевски. ВМРО-ДМНЕ Зборува за чесност. Повикува на скромност, а чевлите им газат во дебелите персиски килими во белата палата“, рече Шекеринска.

„Лузните кои ги оставија траат. Оставија не само лузни, туку и многу отров кој сака да не труе и да не кара. Затоа не го поддрживаат нашето членство во НАТО“, кажа таа пред присутните.

Претходно на настанот говореше градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. Со последната 26 трибина од серијата „На прав пат“ СДСМ го завршува караванот и ја заокружува изработката на изборната програма. Првиот драфт ќе биде промовиран кон крајот на декември.

Владејачката партија веќе најави нови настани кои ќе се темелат на клучните столбови на програмата. Кон средината на следниот месец партијата ќе излезе со финалната изборна програма.

Месецов завршува и кампањата „Од врата до врата“. Од партијата се пофалија дека 6000 партиски активисти посетиле приближно 70 илјади семејства.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

СДСМ: На Македонија и треба единство за членство во ЕУ, а не за мораториум

Митрески: Повисоки пензии, енергетски пакети и зимски регрес, пензионерите заслужуваат подобар стандард

Орце Костов

(ВИДЕО) Ковачевски: Македонија заслужува европска иднина, нема откажување

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Тоа што ДУИ го критикува работењето на СДСМ, а СДСМ нема кажано ниту збор против ДУИ, докажува дека се нивни измеќари

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ