Шекеринска: Не должиме никому, ќе ги објавиме и „бомбите“ за ДУИ

Од:

По објавувањето на првата „бомба” за прислушкување на повеќе од 20.000 луѓе, меѓу нив и на лидерите на албанските партии, порталот Алмакос објави информација дека на наредните две прес конференции, лидерот на СДСМ, Зоран Заев ќе објави и „бомби” за ДУИ.

Според извори на Алмакос „бомбите” за ДУИ ќе бидат за инволвираност на нејзините претставници во криминал и корупција.

Албански интелектуалци, меѓу кои и Зеколи, Рамадани, Хајдари излегоа со став дека „бомбата” не треба да ја поштеди ни ДУИ.

Радмила Шекеринска, заменик претседател на СДСМ, во изјава за Алмакос, рече дека никој нема да биде поштеден.

„Немаме долг кон никого, а уште помалку кон ДУИ. Да немаат дилема албанските интелектуалци, сè ќе се објави”, рече Радмила Шекеринска за Алмакос.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он