Шекеринска: НАТО го одржа зборот кон Северна Македонија, сега е на ред ЕУ

Од:

НАТО го одржа зборот кон Северна Македонија, сега е на ред Европската Унија, истакна вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска на ГЛОБСЕК Форумот во Братислава, каде зборуваше на панелот на тема „НАТО на 80“.

Говорејќи за тоа како може да се опише делувањето на Алијансата во досегашната историја, министерката нагласи дека тоа може да се сумира во еден збор – брзина, особено кога станува збор за балканскиот регион.

-Како некој што изминатите години беше надвор од Алијансата, најверојатно повеќе го цениме нејзиниот успех, отколку што се грижиме за нејзините слабости. Од нашето искуство, како земја, а и лично, на два пати видов како НАТО функционира, и во време на криза и во време на можности. Во 2001 година видовме како НАТО ја презема одговорноста и презема акција. Тоа беше направено навремено, со вистинските мотиви, со вистинските политички инстинкти и со вистинскиот партнер – ЕУ. Комбинацијата на мерки, потези и политики успеа и ја и помогне на мојата земја, рече министерката. Додаде дека ние го цениме тоа што НАТО го нуди – стабилност, просперитет и систем базиран на вредности.

Министерката истакна дека на подготвеноста на нашата земја да ги реши своите проблеми со соседите, и НАТО одговори со подготвеност да го придвижи процесот за членство на Северна Македонија во Алијансата. Таа посветеност на овој процес, како што рече, може да се види и преку брзите ратификации на пристапниот протокол за членство на нашата земја во НАТО.

За придонесот и посветеноста на САД на Балканот, министерката истакна дека сега таа е повеќе од видлива. – Во моментов над 1.500 американски војници кои заедно со нашите војници и војници од 5 други земји – членки на НАТО ја одржуваат најголемата воена вежба која Република Северна Македонија ја имала на своја територија, посочи Шекеринска.

Во контекст на односите НАТО – ЕУ, Шекеринска ги истакна двете главни, стратегиски цели на државата – членството во овие две организации и додаде дека резултатите се највидливи кога тие работат заедно.

-Она што ние го имаме видено во нашата историја е дека вистинските резултати доаѓаат кога овие две организации кои се базирани на истите вредности и истите стратешки цели, соработуваат добро. Во историјата на нашата земја и нашиот регион, секогаш кога ова партнерство функционирало, сите се чувствувале подобро и побезбедно. Нам ни треба силен и јасен НАТО со иста мисија, но ни треба и ЕУ која ќе презема одговорност за својот континент, и тоа не само во однос на одбраната, рече министерката.

Шекеринска нагласи дека ја очекува одлуката на Европскиот совет која треба да биде донесена околу отпочнувањето на преговорите со Република Северна Македонија, наведувајќи дека тоа што нашата држава му го даде на регионот и на ЕУ е еден од малкуте успеси, кои произлегуваат од покажаната храброст, но и поддршката и од НАТО и од ЕУ.

Би можело да ве интересира

Четири години од членството во НАТО – Земјава не е само фактор на стабилизација на регионот, туку и поттик за државите во соседството

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

Допис од НАТО покажува дека Ковачки бил одбиен за безбедносен сертификат, тој вели: Не сум бил одбиен, ниту сум го повлекол барањето

Александар Тодески

НАТО: Продолжуваме да ја поддржуваме Украина и да ја зајакнуваме одбраната, Русија е најголемата закана

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО