Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска од утре, 21 ноември, ќе замине во дводневна официјална посета на Хрватска, на покана на нејзиниот хрватски колега, министерот Дамир Крстичевиќ.
За време на посетата, министерката ќе има средба со претседателката на Хрватска, Колинда Грабар – Китаровиќ.
Министерката Шекеринска во хрватското Собрание ќе се сретне и со претседателот на собраниската Комисија за одбрана, Игор Драгован, а ќе ја посети Командата на специјалните сили на хрватските вооружени сили, и ќе одржи предавање на Хрватското воено училиште.