Шекеринска на состанок на НАТО министрите за одбрана посветен на кризата со КОВИД 19

Од:

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска ќе учествува на видеоконференциската средба на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО.

Ова е прв министерски состанок на шефовите на одбраната на Алијансата на кој министерката Шекеринска учествува како претставник на полноправна членка на НАТО.

Темата на состанокот е одговорот на Алијансата на кризата со КОВИД 19.

Во својата дискусија, Шекеринска ќе се осврне на состојбите со коронавирусот во земјава и мерките што ги презема Владата за спречување на неговото ширење. Воедно, министерката ќе се заблагодари и за помошта од земјите членки на НАТО како САД, Турција, Норвешка, Обединетото Кралство, Чешката Република, Унгарија, Холандија, Словенија и Бугарија и ќе понуди поблиска соработка на нашата земја со КФОР на планот на намалувањето на последиците од ширењето на заразата.

Состанокот на НАТО сојузниците ќе се одвива преку заштитена конференциска врска, и освен за КОВИД 19, министрите за одбрана на 30-те земји членки, ќе разговараат и за мисиите и операциите на Алијансата за време на пандемијата, како и за дезинформациите и спречувањето на лажните вести околу коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Финска го отфрли наводното руско барање за напуштање на НАТО

Москва не се откажува од барањата од 2021 година: НАТО да се врати на границите од 1997 година

Москва предлага пакт со НАТО

Авиони на НАТО двапати се обидоа да соборат беспилотно летало над Литванија, но не успеаја

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори

Москва: НАТО го претера со воените активности покрај руските граници