Шекеринска на состаноци на Северноатлантскиот совет на НАТО во Брисел

Од:

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска и утре во седиштето на НАТО во Брисел ќе учествува на состаноците на Северноатлантскиот совет, заедно со министрите за одбрана на земјите – членки на Алијансата.

– Северна Македонија по добивањето на поканата за членство на почетокот на минатата година, во континуитет активно учествува на сите состаноци на Северноатлантскиот совет на Алијансата.

Парламентот на Северна Македонија го изгласа Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор, а по завршувањето на последниот процес за ратификација во шпанскиот парламент, нашата држава ќе има и право на глас за сите одлуки кои се носат во НАТО, а се однесуваат на мирот, безбедноста и стабилноста во глобални рамки, се вели во соопштението од МО.

Шекеринска во Брисел ќе учествува и на состанокот посветен на мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан, а ќе има и повеќе средби и состаноци со министри за одбрана на земјите – членки на НАТО.

Би можело да ве интересира

Финска го отфрли наводното руско барање за напуштање на НАТО

Москва не се откажува од барањата од 2021 година: НАТО да се врати на границите од 1997 година

Москва предлага пакт со НАТО

Авиони на НАТО двапати се обидоа да соборат беспилотно летало над Литванија, но не успеаја

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори

Москва: НАТО го претера со воените активности покрај руските граници