Шекеринска: На Македонија и треба Стево, на Македонија и требаат промени!

Од:

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска продолжи на средби со жителите на Драчево, Долно Количани и Батинци.

Жителите од овој крај отворено зборуваа  дека Стево Пендаровски е претседател каков што и доликува на Македонија.

-Стево е вистинскиот човек за вистинската функција, додаде еден од присутните во Долно Количани.

sekerinskaDracevo (1)

-Ѓорѓе Иванов  5 години беше во претседателската вила ама не беше претседател. Со него ние немаме со што да се пофалиме. Тие што го виделе, никогаш не го чуле. Нам ни треба човек како Стево, нам ни треба претседател. Во недела ја имаме таа шанса да кажеме каков шеф на државата сакаме. Затоа, секој оној кој нема да излезе на гласање е исто како да гласал за кандидатот на Груевски, рече Шекеринска.

Оваа власт потроши милиони на споменици, огради и жални врби во Центар,  а овде, на неколку километри од главниот град, водовод не направија,  се пожалија во Долно Количани.

sekerinskaDracevo (3)

-Во недела клучно е да се излезе на гласање и да се гласа за промени.  Затоа што спомениците станаа поважни од решавањето на проблемите на граѓаните. Затоа што со гласот на Никола Груевски го чувме она што сите го знаеме, дека криминалот е во врвот на власта. Да ја искористиме оваа шанса и во недела да гласаме и за промени и за вистински претседател, потенцираше Шекеринска на средбите.

sekerinskaDracevo (4)

Шекеринска беше придружувана од носителката на првата изборна единица Рената Дескоска.

-Не дозволувајте другите да одлучуваат за вашата иднина. Во недела излезете на гласање и гласајте за Македонија на среќни и просперитетни граѓани, гласајте за промени, порача Дескоска.

sekerinskaDracevo (5)

Во Драчево Шекеринска посети повеќе домаќинства кадешто зборуваше за мерките од Програмата на СДСМ која предвидува враќање на парите кон граѓаните, помали давачки за побогата живеачка, нови можности за развој на македонското стопанство, подобар и правичен пензиски систем и подобри шанси за младите се со цел тие да ја градат својата иднина во Македонија.

Би можело да ве интересира

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: Власта е исплашена, посегна по децата, организаторите и напаѓачите мора да одговараат

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Обвинителството веднаш да ги пронајде насилниците што по налог на Мицкоски ги нападнаа младите во Ново Село

Горан Наумовски

СДСМ: Анализа на водата во Гостивар дури на 20 август, а дотогаш народот нека се труе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) СДСМ: Во Ново Село организираната криминална група прати насилници да ги тепаат младите – затоа што се плашат од вистината!

Горан Наумовски

СДСМ: Славески и Мицкоски велат имаме најдобра куповна моќ – граѓаните гледаат во фрижидерот и се прашуваат каде живеат