Шекеринска на конвенција на Прогресивната алијанса и на состанокот на ПЕС

Од:

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, денеска и утре е во работна посета на Берлин, Сојузна Република Германија.

Во рамки на посетата, Шекеринска ќе присуствува на годишната конвенција на Прогресивната алијанса и на состанокот на Претседателството на Партијата на европските социјалисти (ПЕС).

Конвенцијата на Прогресивната алијанса под наслов „Обликување на иднината – За слободен, праведен и солидарен свет“ на едно место ќе собере претставници од над 100 социјалдемократски, социјалистички и лабуристички партии од целиот свет, меѓу кои и премиерот на Шведска, Стефан Лофвен, претседателот на СПД Германија и кандидат за канцелар Мартин Шулц, претседателот на француската Социјалистичка партија Жан Кристоф Камбеделе, претседателот на австриските Социјалдемократи, Кристијан Керн.

Прогресивна алијанса е глобална мрежа која се залага за демократски, социјален и еколошки прогрес, родова еднаквост, пристојна работа, намалување на сиромаштијата и искоренување на гладот и сиромаштијата.

Утре, на состанокот на Президиумот на ПЕС, Шекеринска ќе се сретне со претставници на сите сестрински партии од Европа, на кој ќе ги информира за последните случувања во Р.Македонија и одново ќе побара поддршка за принципиелните позиции на СДСМ во насока на надминување на политичката криза, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард