Шекеринска: Многу често политиката се крие зад навивачките групи и ги злоупотребува

Од:

Владина делегација предводена од вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска денеска положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас во Скопје по повод 117-годишнината од смртта на македонскиот револуционер.

Во моментот кога Шекеринска се спремаше да даде изјава за медиумите помала навивачка група почна да скандира „Никогаш северна, само Македонија“ по што вицепремиерката се откажа од изјавата. Таа им порача на медиумите дека ќе даде изјава пред споменикот на Делчев во Градскиот парк заради, како што кажа, луѓето кои се дојдени да тераат политика.

Прашана од новинарите дали мисли дека скандирањето е политички потег, Шекеринска рече дека секогаш е.

-Не е случајно направаено да биде веднаш после давањето изјава. На Балканот научивме дека многу често политиката се крие зад навивачките групи и ги злоупотребува, рече Шекеринска.

Во владината делегација беа и министерот за образование и наука Арбер Адеми и министерката за странски инвестиции Зорица Апостолска.

Би можело да ве интересира

Проф. д-р Михајло Марковиќ и проф. д-р Соња Новотни ја добија државната награда „Гоце Делчев“ за остварувања во науката

А1он

Одбележани 123 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода – Гоце Делчев

Филипче: Гоце Делчев би се срамел од Мицкоски и би се борел против криминалната ВМРО

Сто дваесет и три години од смртта на Гоце Делчев

Сто педесет и четири години од раѓањето на Гоце Делчев

Мисајловски најави забрзана модернизација на одбраната во 2026 година