Шекеринска: Много други работи и наштетуваат на Македонија, а не моето интервју

Од:

„Денеска слушаме дека грчкиот министер за надворешни работи ќе имал полесна задача, бранејќи ја својата земја и дека Македонија ги нарушила позициите во делот на спорот со Грција околу нашето уставно име. Она што мислам дека е вистина, вистина која што пред се ја знае македонската јавност е дека на имиџот на Република Македонија и на нашите преговарачки позиции и нанесуваат непоправлива штета некои други нешта.

И нанесува непоправлива штета фактот дека над 120 дена имаме притворен новинар. И нанесува непоправлива штета фактот дека во Македонија секоја година тонат, на сите објективни листи, медиумските слободи. Се затвараат медиуми, се ограничува слободата на изразување. На Македонија и причинува ненадоместлива штета фактот дека судовите носат одлуки по партиска мерка, дека највисоката сиромаштија во Европа е регистрирана овде, токму во Македонија. На Македонија и нанесе ненадоместлива штета дека власта, владата и претседателот на македонското Собрание наредија најдиректно да се крши македонскиот Устав и македонските закони, со исфрлањето и на опозицијата, меѓутоа и на новинарите од законодавниот дом“, обвини заменик-претседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска.

Таа порача дека тоа се работите коишто постојано ја поткопуваат македонската преговарачка позиција и Македонија „секојдневно ја кочат во нејзиниот оправдан пат кон европско членство и членство во НАТО“.

Таа посочи на два примера, за кои вели оти покажуваат дека некој напразно се чука в гради за бранење на уставното име.

„Еве погледнете како така наречената патриотска партија којшто сите ги обвинува дека недоволно ги бранат позициите на државата, се согласила да биде примена во својата асоцијација на конзервативни партии. Погледнете го името коешто стои на официјалните документи на ЕПП, ВМРО – ДПМНЕ стои позади најлошата формулација за кратенка која било кога сме ја виделе – ФИРОМ.

Еве погледнете како нас, кои што не критикуваат дека не доволно добро сме ги бранеле позициите на државата, погледнете како нас не дефинираат во т.н. Социјалистичка интернационала, Социјалдемократски сојуз на Македонија.

Еве ја разликата помеѓу бранење на државата на зборови и бранење на државата со дела – порача Шекеринска.

Би можело да ве интересира

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа