Шекеринска-Митровиќ: Со Приемот на Црна Гора, процесот на проширување на НАТО доби незапирлива динамика

Од:

Приемот на Црна Гора во Алијансата покажа дека процесот на проширување на НАТО со земјите од регионот доби динамика која е незапирлива и која ќе донесе уште поголема регионална, но и континентална безбедност и стабилност. Оптимизмот во Македонија за евроатлантските интеграции е вратен и добрата клима треба да се искористи за затворање на овој долг процес, заклучија на денешната средба во Министерството, министерката Радмила Шекеринска и амбасадорот на Црна Гора Предраг Митровиќ.

Министерката Шекеринска упати честитки за членството на Црна Гора во НАТО, посочувајќи дека тоа е доказ дека кога ќе се реализираат реформите во државата, принципот на отворени врати на НАТО, функционира, соопшти МО.

– Поддршката од соседите во овој интегративен процес е значајна. Македонија го менува својот пристап – ние сакаме да го промениме амбиентот во насока на развивање на добрососедските односи со земјите од регионот, што ќе помогне и во достигнувањето на стратегиската цел на државата, истакна министерката Шекеринска. Таа посочи дека Владата е подготвена да ги интензивира реформските зафати, согласно заклучоците од Самитот на НАТО во Варшава и со членството во Алијансата да придонесе кон регионалната и европската безбедност.

Амбасадорот Митровиќ изрази подготвеност од Црна Гора за секаков вид помош и поддршка на патот на интеграцијата на Македонија во НАТО и се заблагодари за помошта од македонска страна во процесот на пристапување на Црна Гора во Алијансата, имајќи предвид дека Македонија ги исполни своите обврски поврзани со членството во Алијансата пред дел од земјите од регионот кои се веќе дел од Алијансата.

Би можело да ве интересира

Елфет Исмаили нова заменик министерка за одбрана

МО: Насковски уште во мај 2023 година е разрешен од функцијата претседател на синдикалната организација НСПВ

НСПВ: Министерството за одбрана ја сопре членарината на синдикатот и на тој начин го оневозможува синдикалното делување

Горан Наумовски

Петровска со иницијатива за подигање спомен обележје во Тетово за загинатите во масакрот кај Вејце

Ана Ололовска

Петровска: Речиси 90 милиони евра за воена опрема, учеството во странски мисии ќе чини над 10 милиони евра

A1on

Министерството за одбрана ниту демантира ниту потврдува дека авионите „Сухои“ ќе и ги донира на Украина

A1on