Шекеринска: Каракачанов ги злоупотреби во политички контекст бугарските инженерци

Од:

Министерот за одбрана на Бугарија Каракачанов ги злоупотреби во политички контекст бугарските инженерци, истакна денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска во однос на изјавата на Каракачанов дека би можел да испрати инженерски полк за демонтирање споменици во земјава на кои пишува „бугарски фашистички окупатори“.

-Еве денеска ги гледаме македонските инженерци, бугарските инженерци колегата Каракачанов ги кажа и по мене ги злоупотреби во еден политички контекст кој не доликува на држави членки на НАТО, рече Шекеринска од Криволак од каде со инженерците на Армијата беше на увид на патот кој се трасираше од Штип до Армискиот полигон.

Министерката прашана дали се видела со Карачанов после неговата изјава, рече дека министерот за одбрана на Бугарија не бил присутен на последениот состанок на министри за одбрана на НАТО.

Би можело да ве интересира

Бугарија го оспорува Акцискиот план за малцинства затоа што бил на македонски јазик, вели Мицкоски

Мисајловски најави забрзана модернизација на одбраната во 2026 година

Мицкоски повтори дека нема намера да го менува Уставот без гаранции од Европската унија

Вајц се надева дека земјава по локалните избори ќе ги направи уставните измени за внесување на Бугарите

Изјавите на словачкиот претседател за Македонија ја налутија Софија

Муртезани: Кај премиерот и Владата постои сериозна одлучност за надминување на спорот со Софија по изборите

Катерина Ѓуровски