Шекеринска: Ја отвораме вратата на пазарот во НАТО

Од:

Агенцијата за информации и комуникации при НАТО денеска пред неколку наши компании и експерти по информатички технологии ги презентираше можностите за учество на тендери за стручна поддршка на деловните процеси на Алијансата, во делот на комуникациски и информатички системи, сајбер одбрана, платформи, или вкупно околу 150 сервиси, информира министерката за одбрана Радмила Шекеринска на својот фејсбук профил.

Онлајн настанот го отворила министерката, охрабрувајќи ги нашите компании да се пријават.

– Ја отворивме вратата кон НАТО, а сега ја отвораме и вратата на пазарот во НАТО, напиша Шекеринска на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Финска го отфрли наводното руско барање за напуштање на НАТО

Москва не се откажува од барањата од 2021 година: НАТО да се врати на границите од 1997 година

Москва предлага пакт со НАТО

Авиони на НАТО двапати се обидоа да соборат беспилотно летало над Литванија, но не успеаја

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори

Москва: НАТО го претера со воените активности покрај руските граници