Шекеринска и Димитров на средба со Палмер: Местото на Северна Македонија е во НАТО и ЕУ

Од:

Mинистерката за одбрана, Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска на маргините на Бледскиот Стратешки Форум остварија средба со Метју Палмер, специјален претставник на САД за Балканот.

На средбата, било разговарано за динамиката на процесот на зачленување на Северна Македонија во НАТО и севкупното значење од интегрирањето на земјата во Алијансата, како и отпочнувањето на преговорите со ЕУ, за регионот и пошироко. Биле разменети мислења и за внатрешно политичките актуелности во земјата, а се разговарало и за случувањата во соседството.

-САД силно ја поддржуваат Северна Македонија во реализацијата на своите стратешки цели – полноправното членство во НАТО и отпочнувањето на преговорите со ЕУ. Северна Македонија постави пример во решавањето на политичките прашања и отворањето на подобри перспективи за своите граѓани. Криминалот и неговите протагонисти ќе бидат казнети без исклучок, неказнивоста во земја членка на НАТО со европска иднина, не е опција, кажал Палмер.

Министерката Шекеринска се заблагодарила на конзистентната поддршка од САД за членството на нашата земја во ЕУ и НАТО и потенцирала дека владата нема да дозволи ништо да застане на патот на интеграциите во НАТО и ЕУ.

-Оваа генерација политичари го направи чекорот за својата земја, го обезбеди членството во НАТО и го заслужи почетокот на преговори со ЕУ следниот месец. Тоа е патот по кој одиме, каде нема место за калкулации со одговорноста. Предметите на СЈО ќе имаат пресуди, секој што се огрешил пред Законот ќе одговара, без исклучок, рече Шекеринска.

Специјалниот претставник на САД, за Западен Балкан повтори дека правната држава мора да функционира, а времето на партиските игри и обиди да се избегне одговорноста е завршено. „Местото на Северна Македонија е во НАТО и ЕУ“, рече Палмер.

-НАТО промовира стабилност и во време на неизвесност, мудро е да го забрзаме процесот на интеграција за да го зацврстиме регионот и да го прифатиме своето европско ветување, истакна Димитров.

Би можело да ве интересира

Радмила Шекеринска избрана за потпреседателка на Партијата на европските социјалисти

Катерина Ѓуровски

Уште две министерки побараа апанажа: Царовска молчи за плановите, Шекеринска размислува

Кристијан Ландов

Шекеринска: Инвестиции за подобри услови во армискиот полигон Криволак

А1он

Шекеринска: Охрабрувачки е дека можната нова Влада во Бугарија вели оти треба нов пристап

Шекеринска: Да изградиме повторно и подобро, функционирањето на стариот начин веќе не е опција

А1он

Романија испраќа авион за гаснење пожари со голем капацитет

Предраг Петровиќ