(ВИДЕО) Шекеринска: На Груевски му гори под нозете

Од:

„Никола Груевски е соочен со последиците од неговото недемократско владеење. Простор за изговори повеќе нема. Груевски тоа го знае.

Оттаму е неговата паника за можно повлекување на препораката за преговори на Македонија со ЕУ и оттаму е потребата да лаже и да бара виновници. Едноставно, Груевски ја ишка мувата над својата глава.

По тој повод, дозволете да потсетиме на заклучоците на Советот на ЕУ од 17 декември 2013 каде што недвосмислено беа наведени задачите што Македонија треба да ги исполни во 2014: владеење на право, независно судство, борба против корупција и организиран криминал, слобода на изразувањето, одвојување на државата и партијата итн“, рече на денешната прес-конференција, Радмила Шекеринска, заменик претседателка на СДСМ.

„Ниту една од овие задачи не е завршена. Напротив, ситуацијата во земјава по овие прашања драстично е влошена.

Наместо подобрување, ОБСЕ/ОДИХР годинава излезе со уште поголеми забелешки: за изедначување на партијата со државата, за пристрасни и необјективни медиуми, за нефункционални институции и непочитување на клучните закони во државата.

Одговорноста за ова е само кај власта.

Во делот на слобода на изразување, Македонија го продолжи слободниот пад на листите за медиумски слободи: Владата на Груевски (и никој друг) ја донесе Македонија на срамното 123то место, што претставува рекорден пад од 89 места за само 4 години.

Одговорноста за ова е само кај власта.

Наместо владеење на правото, денеска Македонија се споменува како држава со политички затвореници и селективна правда. Министрите се недостапни за судот, синдикални лидери добиваат затворски казни во рекордно брзи судења, а предметите против власта застаруваат во судења со брзина на полжав.

Одговорноста за ова е само кај власта.

Нема ефикасна борба против корупција и организиран криминал во држава во која сите институции молчат за сомнителите кеш исплати во случаите Актор, Македонска Банка, ВМРО-ДПМНЕ, случаи во коишто се инволвирани високи владини функционири а кои се случуваат на очиглед на целата домашна и меѓународна јавност.

Одговорноста за ова е кај неколкумина луѓе со име и презиме од власта.

Наместо подобрено управување со јавните финансии, граѓаните во Македонија сеуште не знаат каде се трошат нивните пари, ниту колкав е реалниот долг на државата.

Ете затоа, некој веќе скока. Тоа е Никола Груевски. Бидејќи му гори под нозете.

Наследи статус на земја кандидатка за Европската унија, рамо до рамо со Хрватска.

Во 8-годишното владеење ја спушти Македонија на дното на регионот, позади Србија и Црна Гора, на рамниште со БиХ и Косово.

Груевски е тој кој треба да објасни, зошто тоа и го направи својата земја“, праша заменик претседателка на СДСМ, Радмила Шекеринска.

Би можело да ве интересира

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ, покажуваат бројките на партијата