(ВИДЕО) Шекеринска: Груевски сака да избега и да го сврти народот против народ

Од:

Нема веќе молк во Македонија. Стравот кој беше во сите домови сега е само во една врхушка и една фамилија. Груевски сака да избега вртејќи го народот против народот. Излезот од кризата е еден – оние кои краделе треба да одговараат, порача Радмила Шекеринска на протестот пред Владата.

Нема веќе молк во Македонија. Стравот се пресели, беше во секој македонски дом, а сега е само во една зграда, во една фамилија, во една врхушка и таму ќе остане. Затоа Груевски вчера за да се спаси самиот сака да го сврти народот против народ.

Ајде сега нека ги види снимките, ќе види дека нема шански, криминалот, злосторствата добија точна адреса, и затоа оваа криза има само еден излез-правда и одговорност.

Овој народ како и претходните 60 дена излезе да бара правда и да му порача на Груевски, нема шанса за уште едни криминални избори. Правдата е во наши раце. Денеска сме тука да порачаме дека нема да му дозволиме на Груевски да продолжи со своето судство од тефтерчињата, да кажеме дека Уставниот суд мора да донесе одлука за СЈО, дека Груевски мора да ги тргне рацете од сите институции и дека Специјално одделение во судството мора да има кое ќе се занимава со предметите од СЈО.
Овде сме да побараме оставка од владата која украде и корумпира се, рече Шеќеринска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?