Шекеринска: Груби ги разби лагите за федерализација, се покажа стравот од конфискација

Од:

Денеска сме со граѓаните на Битола повторно и ќе бидеме заедно тука на вечерашниот голем митинг, на којшто ќе зборуваме за нашиот План за живот во Македонија и за сето она што планираме да го промениме и направиме по 11 Декември, рече Радмила Шекеринска, носителка на кандидатска листа во ИЕ5.

Планот за живот во Македонија значи дека ќе има живот, ќе има шанси, ќе има правда за сите, и затоа денеска на овој митинг како и низ цела Македонија, ќе бидеме заедно, без разлика на политичка, етничка, без разлика на верска припадност, таква Македонија ќе градиме.

Македонија којашто ќе им припаѓа на сите, која ќе создава еднакви шанси за сите и која на секој ќе му нуди шанса за подобар живот. Веќе не поминуваат лагите, не поминуваат стравувањата и опасностите коишто ги шират Груевски и Милошоски. Веќе не станува збор за страв којшто со години а особено во текот на кампањата со денови го создаваа помеѓу граѓаните на Република Македонија.

Токму изминативе денови паднаа во води сите негови тези за федерализација, за двојазичност, којшто беа само во нивната глава. Ги демантираше нивниот омилен партнер Артан Груби од ДУИ којшто им порача дека УЧК веќе бил во Сообранието, дека УЧК веќе ја раководел владата.

Всушност, со сите овие лаги којшто Груевски ги ширеше за федерализација, се покажа неговиот страв од друго нешто, а тоа е стравот од конфискација на криминално стекнатиот имот. Тој се плаши заради тоа што знае дека ќе има одговорност за сето она што го стори, украде и злоупотреби во изминативе 10 години.

Ќе има одговорност за криминалот, ќе има одговорност за корупцијата, ќе има конфискација на криминалнотот секнатиот имот. После 11 Декември ќе обезбедиме правда за да има живот за сите.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ

СДСМ: Дилот ВМРО – ДУИ му донесе куќен притвор на Груби

Горан Наумовски

СДСМ: Куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кузеска за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ