Шекеринска го повтори ставот на СДСМ за преодна Влада

Од:

Сериозната политичка криза во Република Македонија, можните излезни решенија и последиците од недемократските состојби во земјава врз евроинтеграциите, беа темите на денешниот состанок на заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, со Бруно Мачес, државен секретар за европски прашања во Португалија.

Заменик претседателката Шекеринска рече дека доказите што ги презентира СДСМ на јавноста само ги потврдуваат критичните точки нотирани и во Извештајот на ОБСЕ за изборите за лажни лични карти, гласачи кои гласаат на повеќе избирачки места, закани, уцени и притисоци, посебно врз администрацијата, врз примателите на социјална помош, посебно за време на изборни процеси.

-Овие материјали ја потврдуваат и тоталната контрола на власта врз судството и приватизацијата на институциите од што страдаат сите граѓани, без разлика на каква било припадност. Тука веќе не станува збор за партиска поделеност туку за неколку луѓе на една страна, кои за лични цели го узурпирале системот, наспроти сите други, рече заменик претседателката Шекеринска.

Таа го повтори ставот на СДСМ за преодна Влада што ќе овозможи услови за демократски изборен процес како излезно решение.  

Дипломатот од Португалија ја пренесе загриженоста на Европската Унија за развојот на политичката ситуација во Македонија.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он