Шекеринска: Епидемијата, поплавите и пожарите не потсетија колку е важно регионалното заедништво

Од:

Епидемијата, поплавите и пожарите не потсетија колку е важно да се продлабочи регионалното заедништво, истакна министерката за одбрана Радмила Шекеринска на денешната церемонија на предавање на претседателството со Процесот на министерска соработка во одбраната во Југоисточна Европа и на одбележувањето на 22-годишнината од формирањето на Бригадата на Југоисточна Европа – SEEBRIG.

На настанот што се одржа во Куманово, а на кој присуствуваат високи претставници од Бугарија, Албанија, Грција, Романија и Турција, министерката Шекеринска порача дека процесот на министерска соработка е одличен форум за регионален дијалог и безбедносна соработка и модел за градење на добри односи меѓу соседите.

Таа им се заблагодари на сите сојузници и пријатели од регионот и пошироко кои, како што рече, несебично ни пружиле помош во справувањето со шумските пожари.

Порача дека по членството во НАТО, како приоритет на земјата останува интеграцијата во ЕУ.

– Сега сме дел од најмоќната воена и политичка Алијанса и сојузници со најмоќните држави на светот. Сакам да нагласам дека нема да застанеме тука бидејќи имаме се уште работа на планот на интегрирањето со ЕУ, рече Шекеринска.

Претседавањето со Процесот на министерска соработка во одбраната го презема Бугарија. Досега со овој процес претседаваше Албанија. Како дел од овој процес, на почетокот на ноември во Скопје ќе се одржи министерски состанок на земјите членки, на кој се очекува да бидат реафирмирани политиките на заедништво и солидарност во справувањето со новите закани и предизвици.

Би можело да ве интересира

Петровска: Пристигнато е ново барање од украинска страна за воена помош во моментов се разгледува

Горан Наумовски

Петровска со иницијатива за подигање спомен обележје во Тетово за загинатите во масакрот кај Вејце

Ана Ололовска

Петровска: Речиси 90 милиони евра за воена опрема, учеството во странски мисии ќе чини над 10 милиони евра

Орце Костов

Шекеринска – Брнз: С. Македонија и САД споделуваат исти вредности, двете држави испишаа историја

Ана Ололовска

Министерството за одбрана годинава ќе биде домаќин на најголемата конференција за стратегиски комуникации на НАТО

Ана Ололовска

МО: АП „Криволак“ прерасна во современ домашен и НАТО капацитет, во 2022 тука ќе се одржат седум меѓународни вежби со над 5.000 учесници

Ана Ололовска