Шекеринска-Џаникли: Ако нема стабилност на Балканот, нема стабилност во Европа

Од:

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска престојува во официјална посета на Турција на покана од турскиот министер за национална одбрана Нуретин Џаникли.

На средбата со Џаникли, министерката Шекеринска истакнала дека Македонија напорно работи за да стане 30-та земја – членка на НАТО и посочила дека Турција е државата која и дава континуирана поддршка.

– Турција е земјата што постојано ги отвораше вратите за Република Македонија за членство во Алијансата. На едно ниво имаме значајна политичка поддршка од Турција, а на друго кое е исто толку важно, е и поддршката во областа на одбранбените реформи и модернизацијата на вооружените сили, истакнала Шекеринска.

Турскиот министер оценил дека балканската стабилност е од големо значење во глобални рамки.

– Ако нема стабилност на Балканот, нема стабилност во Европа, а без европска стабилност, нема стабилност во светот. Балканската стабилност е од големо значење во глобални рамки. Турција ќе продолжи со безрезервната поддршка на Македонија во процесот на реформи во областа на одбраната, нагласил Џаникли.

Тој информирал дека веќе е формирана група за поддршка на реформите во македонската одбрана и оти таа наскоро ќе пристигне во Македонија каде ќе ги оцени потребите и начините како Турција да помогне во реализацијата на одбранбените реформи.

На средбата е нагласен и интересот на македонската Влада за наменската индустрија и е договорена посета на турски тимови во Македонија.

Македонската делегација предводена од министерката Шекеринска го посети и Мавзолејот на Мустафа Кемал Ататурк, неколку турски воено-производни капацитети, како и Потсекретаријатот за одбранбена индустрија.

Посетата на Турција продолжува со средбите со турскиот премиер Бинали Јилдирим и со министерот за надворешни работи Мелут Чавушоглу.

Би можело да ве интересира

Петровска: Пристигнато е ново барање од украинска страна за воена помош во моментов се разгледува

Горан Наумовски

Петровска со иницијатива за подигање спомен обележје во Тетово за загинатите во масакрот кај Вејце

Ана Ололовска

Петровска: Речиси 90 милиони евра за воена опрема, учеството во странски мисии ќе чини над 10 милиони евра

Орце Костов

Шекеринска – Брнз: С. Македонија и САД споделуваат исти вредности, двете држави испишаа историја

Ана Ололовска

Министерството за одбрана годинава ќе биде домаќин на најголемата конференција за стратегиски комуникации на НАТО

Ана Ололовска

МО: АП „Криволак“ прерасна во современ домашен и НАТО капацитет, во 2022 тука ќе се одржат седум меѓународни вежби со над 5.000 учесници

Ана Ололовска