Шекеринска: Душата на премиерот вреди 10 пати повеќе од душата на Душко млекарот

Од:

Радмила Шекеринска, заменик претседател на СДСМ, вечерва на средбата со граѓаните на Куманово рече дека документите коишто ги има опозицијата за криминалната власт ќе ги урнат сите дилеми и сомнежи каква власт не води.

Досега ги затворија сите мeдиуми за да не се чуе вистината, но тоа не смее да се случи со овие документи, бидејќи секој граѓанин ќе има шанса да ја шири вистината.

„Да бидеме сите заедно, бидејќи само така нема да има сила кој ќе може да не скрши. Вистината и вербата ќе бидат нашето оружје“, порача Шекеринска.

Таа јасно порача дека опозицијата нема да се врати во парламентот додека не седне власта да разговара и за медиумите и за пописот и за техничка влада и за избирачки список.

Треба да покажеме, рече, дека за да ја менуваме Македонија на подобро подготвени сме и да се менуваме на подобро. Македонија посочи, е држава на насилство и неправда и меѓу петте најлоши економии.

10822374_10205330358764388_953377855_n

„Нашиот активист за правда Душко – млекарот покажа дека има луѓе со исправена кичма кои не и се плашат на власта. Денеска победи правдата но не и судскиот систем кој за некого е мајка, а за некого маќеа. За целата неправда на семејството на Душко, за сите лаги за него, тој ќе биде обесштетен со 6.500 евра, 10 пати помалку од штетата која Груевски ја доби. Душата на премиерот вреди 10 пати повеќе од душата на Душко“, рече Шекеринска, која го посочи примерот со судскиот систем кој што 6 години се занимавал со украдениот телефон на сопругата на министерот за финансии.

„Во тие 6 години Основниот суд осуди две лица на една година затвор. Во исто време градоначалник од владеачката коалиција за убиство во сообраќајка доби 6 месеци затвор. Ова е држава на неправда во која повеќе вреди телефонот на госпоѓата министерка од еден човечки живот“, рече таа.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата на ВМРО-ДПМНЕ свесно лажеше и остави луѓе да се трујат

Андоновска: Судијката Алексовска Стојановска, која го пушти Васил Јованов убиецот на Фросина во Поправен дом наместо во затвор, во својот дом имаше партиски штаб на СДС

СДСМ: Три месеци по ред се намалува просечната плата – стандардот на граѓаните опаѓа

СДСМ: Кандидатот за градоначалник на Виница од ДПМНЕ дел од шумската мафија

Предраг Петровиќ

Филипче: Имаме одличен кандидат во Струмица, Марјан Даскаловски е со визија

ВМРО-ДПМНЕ: Kандидати за советници od СДС од Струмица крвнички тепаат странски државјани

Предраг Петровиќ