Шекеринска до ВМРО-ДПМНЕ: Вашите сестрински партии порачуваат да не го опструирате Собранието

Од:

Пратеничката и заменик претседател на СДСМ, Радмила Шекеринска кажа дека Деловникот кој дозволува десет пратеници да побараат измена на точката на дневен ред е донесен само од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа кажа дека дури и Европскиот парламент вчера во разговорот за македонскиот парламент донел заклучок дека ВМРО-ДПМНЕ го опструира парламентот.

– Мислењето од вашата сестринска партија, онаа кај која Груевски со скап роаминг беше на Малта, се да прекине одолговлекувањето за избор на спикер на парламентот. Тоа ви го порачуваат вашите партнери. Тие порачуваат ВМРО-ДПМНЕ да прекине со опструкциите на парламентот, рече Шекеринска.

Таа како и пратениците од СДСМ и коалицијата ДУИ и Алијансата за Албанците побара веднаш да се премине на изборот на претседател на Собранието бидејќи зад тој предлог стојат 20 пратеници.

Би можело да ве интересира

Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш

А1он

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски