Шекеринска: Членството во НАТО ќе ги подобри економските показатели

Од:

Членството во НАТО за државата е важно не само на безбедносен плат, туку и на економски план, за што пристигнале и политички и економски потврди, токму при одбележување на Неделата на НАТО оцени денеска министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, при посетата во Куманово на организираниот отворен ден на Армијата со граѓаните.

-Неодамна, беше потврдено дека по долги години понизок кредитен рејтинг, успеваме како држава да го подобриме кредитниот рејтинг, што значи дека и државата и фирмите и граѓаните ќе можат да добиваат средства под поповолни услови, изјави министерката.

Порастот на извоз, на странските директни инвестиции и особено падот на невработеноста, додаде министерката, покажува дека кога државата презема вистински чекори на политички план, тоа носи и позитивни економски резултати.

-Она што ни треба е сега да продолжиме, да го го заокружиме процесот на ратификации на членството во НАТО, што сме убедени ќе се случи и оваа година, да ги почнеме преговорите со ЕУ и да покажаме дека оваа држава научи од сопствените грешки и дека буквално во следниот период ќе обезбеди и побезбедна држава и повеќе шанси за сите свои граѓани-изјави Шекеринска.

Министерката за одбрана најави дека денеска во Куманово ќе дискутираат за развојот на локалната економија и ги истакна официјалните податоци на ниво на државата.

-Над 620 милиони евра странски инвестиции влегоа во 2018, тоа е речиси четири пати повеќе отколку во 2017, тоа е двојно повеќе од најдобрата година по странски директни инвестиции, рече министерката.

Странските инвеститори, посочи министерката , препознале дека државата се стабилизира и со членството во НАТО, може да го гарантира нивниот имот и бизнис. Таа направи споредба со почетокот на мандатот, укажувајќи дека тогаш кварталниот пораст на економијата бил во минус околу еден процент, а последните податоци укажуваат пораст од 3,7 проценти на БДП во последниот квартал.

-Сето тоа се охрабрувачки резултати. Нашиот проблем број еден е невработеноста, таа е се уште висока 19,7 проценти, меѓутоа го стартувавме мандатот со 27 проценти невработеност. Сите економски показатели покажуваат позитивни тенденции, но тие позитивни тенденции зависат од тоа како носиме одлуки на политички план, како државата ги решава своите проблеми, затоа сметаме дека во овој период е многу важно да продолжиме да продуцираме добри вести од дома, заклучи министерката.

Би можело да ве интересира

Петровска: Пристигнато е ново барање од украинска страна за воена помош во моментов се разгледува

Горан Наумовски

Петровска со иницијатива за подигање спомен обележје во Тетово за загинатите во масакрот кај Вејце

Ана Ололовска

Петровска: Речиси 90 милиони евра за воена опрема, учеството во странски мисии ќе чини над 10 милиони евра

A1on

Шекеринска – Брнз: С. Македонија и САД споделуваат исти вредности, двете држави испишаа историја

Ана Ололовска

Министерството за одбрана годинава ќе биде домаќин на најголемата конференција за стратегиски комуникации на НАТО

Ана Ололовска

МО: АП „Криволак“ прерасна во современ домашен и НАТО капацитет, во 2022 тука ќе се одржат седум меѓународни вежби со над 5.000 учесници

Ана Ололовска