По завршување на денешното прво рочиште за убиството на 20-годишниот Никола Саздовски адвокатот на семејството на починатиот Никола, Ванчо Шехтански изјави дека е задоволен од исказот на девојката на Никола која била на лице место кога се случил нападот.
– Според член 57 од ЗКП како полномошноци на оштетените максимално ги користиме сите овластувања, максимално учествуваме во постапката. Задоволни сме од исказот на денешниот сведок и со оглед на тоа ги демантираме изјавите на одбраната дека смртта настанала поради железен предмет кој бил поставен на автобуската, а не од ударите на напаѓачите. Исто така со исказот на сведокот се демантира и изјавата дека нападот траел само 1 минута, рече Шехтански.
Виктор Јованов