Шефот на Канцеларијата на НАТО во Скопје прв честита за потпишаниот Протокол

Од:

Ви честитам што ставивте крај на еден процес со овој Протокол за пристапување кон НАТО. Сега очекуваме овој процес на реализација на Протоколот да протече беспрекорно, а Канцеларијата на НАТО е тука за да ве советува, да ве поддржува се до крајниот момент, кога ќе станете членка на Алијансата, што ќе биде еден малку подолг интегративен процес, изјави шефот на канецларијата на НАТО во макеоднија Зоран јанковиќ, веднаш по потпишувањето на Протоколот за приемот на Макеоднија во Нато, во Брисел.

Јанковиќ, кој заедно со заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски, церемонијата во Брисел ја следеше во Медија центарот на Владата, додаде дека пред Македонија остануваа уште работа.

„Тука, секако, останува Програмата за реформи што треба да ја следите. Очекуваме вашата земја да ја стане полноправна членка на НАТО. Како што кажа и генралниот секретар вие ќе биде поканети да учествувате на сите состаноци на Алијансата. Уште еднаш би сакал да ви честитам за ова потпишување на Протоколот“, изјави Јанковиќ.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Данците не се баук: Македонија има 0-0 на полувреме во Копенхаген

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање

Предраг Петровиќ

Шест лица лишени од слобода за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ