Шефот на кабинет на Груби без да плати поминувал патарини со службено возило

Од:

Шефот на кабинет на вицепремиерот Артан Груби, бил фатен како ја поминува патарината кај Миладиновци без да плати, со нелегално поставени флешери, дознава „А1он“. Според наши извори, тој бил затекнат вчера и е еден од 32 лица за кои МВР објави дека биле санкционирани поради злоупотреби при наплата на патарината. Полицајците го фатиле при спроведување на акциска контрола на МВР.

Неофицијално, шефот на кабинет бил со службено возило на кое биле поставени флешерите. Автомобилот бил сопственост на новото Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците. Незаконското поставување флешери се казнува прекршочно.

Kористењето на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци (флешери) смеат да се вградуваат и употребуваат само на возилата со кои полицијата или воената полиција вршат придружба. Вакви уреди може да се вградуваат и употребуват и на возила определени со акт на Владата како и на возилата со право на првенство на минување.

Дополнително, флешери може да се вградат и во службените возила што ги користат претставници на Јавното обвинителство заради вршење увид, за обележаните службени возила на припадниците на Управата за финансиска полиција и со закон овластени лица на Царинската управа кои работат на откривање на кривични дела и возилата на Министерството за правда со кои се превезуваат лица обвинети или осудени за извршени кривични дела.

Инаку, МВР фати и шест полициски службеници кои ја поминале наплатната станица без да платат, со злоупотреба на флешери и службена легитимација. И против нив покрај изречената глоба, ќе бидат преземени мерки и од страна на Одделот за внатрешна контрола.

Би можело да ве интересира

Груби: Убеден сум дека новиот состав на Владата ќе ја спроведе нејзината програма

Ана Ололовска

Груби: Нема потреба од недоверба кон Османи и Владата, со Бугарија се преговара транспарентно

Ана Ололовска

Бугарското МНР не е информирано за француската иницијатива

А1он

Груби: Постои француска иницијатива за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија

Катерина Павлова-Николовска

ВМРО-ДПМНЕ: Груби и Владата ја фрлаат државата во вештачка криза со издигнување на спорот со Бугарија на ниво на безбедносно прашање

А1он

Груби – Гир: Спорот со Бугарија треба што поскоро да се реши, време е за старт на преговорите