Шеесет и втора седница на македонското Собрание

Од:

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи шеесет и втората седница, на чиј дневен ред, меѓудругите, е Предлогот за избор на членови на Владата на Република Македонија.

За нов министер за образование и наука, по оставката на Панче Кралев, е предложен Спиро Ристовски, кој досега беше министер за труд и социјална политика.

Диме Спасов е предложен за нов министер за труд и социјална политика. Тој во моментот е актуелен директор на скопскиот Катастар.

За нов министер без ресор е предложен Џери Наумоф, додека на испразнетото заменичко-министерско место во локална самоуправа Ѓорѓија Сајкоски.

Заменик-министерот за локална самоуправа Сашо Лазаровски неодамна беше избран за советник во Општина Карпош, а потоа и за претседател на Советот на Општината.

На дневен ред на оваа седница се и Предлог законот за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на данок на додадена вредност, персонален данок на доход, данок на добивка и придонеси за пензиско и инвалидско осигурување во траен влог во Друштвото Фабрика за шински возила „Велес“ ДООЕЛ – Велес, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување, Верификацијата на мандати на пратеници во Собранието на Република Македонија, Предлог законот за дополнување на Законот за данокот на добивка,  Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовински плаќања, како и предлозите за изменување и дополнување на Законот за шумите, Законот за стечај и Законот за надзор на пазарот. На дневен ред е и Предлог законот за прекинувње на бременоста по скратена постапка.

Пратениците, межудругото, треба да ги разгледаат и Дополнетиот Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита, Дополнетиот Предлог – закон за заштита од вознемирување на работно место, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште, Предлог закот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување.

Би можело да ве интересира

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот без присуство на мнозинството донесе одлука за одржување Надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Пратениците ја изгласаа Фискална стратегија на Република Македонија за 2026 – 2030 година

Горан Наумовски

Змија предизвика хаос во Собранието на БиХ: Поради „небезбедни услови“, седницата беше откажана, наредена е истрага

Алиу и Хоџа се дел од еден важен процес на освежување, вели Мицкоски

На собраниската седница во понеделник ќе се дебатира за новите кадровски решенија на Владата

Безбедносната зона околу Собрание не била за да нема протести, туку заштита од градење на приватни субјекти