Шеесет и едногодишен пешак загина во сообраќајка во село Теново

Од:

Пешак од селото Теново го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случила вчера околу 21 часот на влезот во селото. Поради сериозноста на повредите, по првично укажаната лекарска помош во Клиничката болница во Тетово, повредениот е пренесен во Ургентниот центар во Скопје каде им подлегнал на повредите.

– На регионалниот пат Тетово-Волковија на влез во селото Теново, возило „ауди“ со тетовски регистерски ознаки управувано од Ф.Е(60) од Тетово удрил во пешакот Г. М(61). Пешакот поради тешките телесни повреди е пренесен со медицинско возило во Клиничката болница во Тетово. По укажаната помош поради тешките повреди Г.М е пренесен во Ургетниот центар во Скопје каде им подлегнал на повредите, соопштија од СВР Тетово.

Увид на местото на несреќата извршиле СВР Тетово и јавен обвинител со цел да се утврдат причините.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари