Шеесет години пензионерско здружување во Општина Центар

Од:

Тринаесет илјади пензионери од општина Центар денеска го прославија големиот јубилеј – 60 години на пензинското организирање во општина Центар.

За историјатот, заложбите и идните планови на свеченоста говореа претседателот на Собранието на здружението на пензионери на општина Центар, Крсте Ангеловски и претседателот на ИО на здружението – Павле Спасев.

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, кој воедно е и покровител на одбележувањето на јубилејот, рече дека сериозна работа е да се слави 60 годишен јубилеј, а уште поголема чест ја има општината Центар и самиот тој како градоналачник, бидејќи им беше доверена можноста да бидат покровители на јубилејот.

“Вие сте драги пријатели на општината, вратите на општина Центар се за Вас секогаш отворени. Општина Центар отвори клубови за пензионерите, во подготовка е уште еден и сето тоа за да можете поубаво да ги минете Вашите денови. Ова значи и едно големо благодарам за сето она што го сторивте за нас“, рече, поздравувајќи ги присутните, градоначалникот Жерновски, посакувајќи им уште многу вакви јубилеи да слават заедно.

Би можело да ве интересира

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните