Шеесет и двајца возачи во Скопје санкционирани за брзо возење

Од:

Шеесет и двајца возачи во изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје возеле побрзо од дозволеното, а шестмина биле под дејство на алкохол.

Според полицискиот билтен, во изминатите 24 часа се случиле вкупно 10 сообраќајни незгоди од кои во четири полесно се повредени пет лица, а во шест е причинета материјална штета.

Од сообраќај се исклучени пет возачи кои возеле пред да се стекнат со правото за управување со моторно возило и двајца возачи почетници. Исклучени од сообраќај се и седум нерегистрирани возила.

Сообраќајната полиција издала 80 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 62 возила.

Кај пешаците, шестмина не ја поминале улицата на обележан пешачки премин, а петмина возачи на мотор или моторцикл не носеле заштитен шлем.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози