Шчербак: Русија сака добри односи со Македонија

Од:

Искрено сакаме односите помеѓу Македонија и Руската Федерација да се унапредуваат успешно, конструктивно, во духот на соработката, заемното разбирање и рамноправност. Русија се обидува да биде добар партнер, а како ќе се однесува Македонија, тоа е нејзино суверено право, изјави амбасадорот на Руската Федерација во Македонија Олек Шчербак при неговата посета на Прилеп, запрашан да ги оцени моменталните односи меѓу двете земји.

– Русија и Македонија се две пријателски држави кои се поврзани со вековни историски и духовни врски. Во голем дел имаме заедничка култура, во голем дел и заеднички јазик, заеднички духовни корени. Искрено сакаме односите помеѓу Македонија и Руската Федерација да се унапредуваат успешно, конструктивно, во духот на соработката, заемното разбирање и рамноправност. Во меѓународните односи многу се битнни билатералните односи, а тоа е како улица со двонасочно движење. Како и за добро танго, потребни се напорите на двајца. Русија се обидува да биде добар партнер, а како ќе се однесува Македонија, тоа е нејзино суверено право, рече Шчербик.

Амбасадорот Шчербак ги отфрли како пропагандни лаги обвинувањата дека Русија се меша во дел од земјите на Балканот за да не влезат во НАТО како и во спорот за името меѓу Македонија и Грција.

– Во современиот свет се произведуваат многу лаги. Тоа е класичен пример на пропагандни лаги. Немам намера да отворам вистина за овие лаги, а на сите овие прашања одговорив минатата сабота во напис во весник, изјави Шчербак.

Што се однесува до тоа дали светот е на работ на нова студена војна, Шчербак рече дека тоа не е на иницијатива на Русија.

– Русија прави сѐ да го намали нивото на тензичноста во светот и дејствува да ја запре таа страшна антируска пропаганда која се шири во светот. Правиме сѐ овие обиди да се започне студена војна да згаснат и да не преминат во „жешка“ војна, рече амбасадорот на Руската Федерација во Македонија Олег Шчербак при денешното одбележување во Прилеп на 9 мај – Денот на победата над фашизмот.

Би можело да ве интересира

Русија бара отштета од 230 милијарди долари од „Еуроклеар“

Катерина Ѓуровски

Руската економија со најголем пад во последните години, покажуваат бројките на Ројтерс

Зеленски за мировниот план: Ниту една страна нема да биде целосно задоволна

Триесет отсто од Русите веруваат во Дедо Мраз

„Форин полиси“: Европа е сама меѓу глобалните сили

Орбан: ЕУ планира да ја собори унгарската Влада