Шасивари: Законските решенија за полагање на правосудниот испит ќе бидат усогласени со највисоките европски правни стандарди

Од:

Сакаме да дојдеме до современо, правно издржано и европски ориентирано решение, кое ќе ги земе предвид потребите на сите студенти што го стекнуваат своето високо правно образование на разни јазици – изјави мкнистерот за правда Јетон Шасивари пред средбата со претставниците на правните факултети и студентите, посветена на предложените законски решенија за полагање на правосудниот испит.

​Шасивари истакна дека оваа Влада има јасна определба за почитување и унапредување на јазичните права.

– Сметаме дека институциите имаат обврска да создаваат услови за еднакви можности со целосно почитување на Уставот, законите и професионалните стандарди – рече тој.

Посочи дека прашањето за правосудниот испит се разгледува и затоа, како што рече, ќе се бараат стручни аргументи, меѓусебна почит и конструктивен дијалог.

– Не сакаме законските решенија да се носат зад затворени врати, а студентите и факултетите да бидат ставени пред свршен чин. Сакаме процес во кој нивните забелешки, предлози и аргументи ќе имаат вистинска тежина – истакна министерот пред средбата.
​
Информира дека денеска ќе го претстават предложениот модел, ќе ја објаснат неговата правна основа и ќе ги сослушаат сите позиции.
​
Според него, предложените измени имаат цел воспоставување јасна рамнотежа меѓу почитувањето на правото на образование и користењето на другиот јазик на кој кандидатот ги завршил правните студии, од една страна, и гарантирање единствен, функционален и професионален правосуден систем, од друга.

​- Нашата определба е конечниот предлог да биде усогласен со највисоките европски правни стандарди. Затоа ќе побараме и мислење од Венециската комисија како најреномирано европско советодавно тело за уставноправни прашања – рече Шасивари.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Шасивари: Европа е нашата иднина

Шасивари: 25 милиони евра за Идризово, нови службеници и затворско разузнавање – мерки за реформа на системот

Горан Наумовски

Јетон Шасивари избран за нов министер за правда

ВРЕДИ: Против кого протестира Бујар Ахмети – против самиот себе или против чичко му Али Ахмети