Шашевски: Новинар сум, тепај ме, но нема да ме замолчиш!

Од:

Новинарот на порталот МКД.мк, Бојан Шашевски за време на вчерашниот протест е претепан од полицијата.

Голем дел од демонстрантите се разбегаа, а јас ја извадив картичката „ПРЕС“, ја кренав во вис и очекував професионален разум. Полицаец со пендрек ме удри силно по грбот. Повторно му ја покажав картичката, овој пат пред лице. Извикав „Новинар сум, што правиш, човече!?“ Наивно, со отворен ум, помислив полицаецот минал елементарен етички образовен стадиум. Ме удираше уште посилно, крвнички – вели Шашевски.

Шашевски потседува дека на протестот бил да известува за МКД.мк за народниот револт.

И денеска, вели тој, и покрај болката од ќотекот ќе ја извршува својата професионална задача и ќе известува од протестот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите